Куче однесено од вода на опасна брана: Градинар херојски го спасил со помош на јаже

Неверојатна сцена се случила на браната Бел Парк во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал, кога едно куче било однесено од вода. Кучето воопшто немало да има шанси ако не го спасел Амос Ндлову, момент што го забележале и камерите.