Земјотресот во Грција снимен во супермаркет – луѓето панично бегаат на улица

Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција. Епицентарот бил на 121 километар југозападно од Солун, во близина на градот Лариса. Жителите на Лариса излегоа на улиците, на кои се тресеше земјата. Во едно видео снимено во продавница сè се урива, шишиња паѓаат од полиците, а луѓето што се најдоа таму избегаа надвор.