Нѐ очекува пеколна битка за титулата во Примера: Акуња му пресуди на Атлетико Мадрид

Екипата на Севилја славеше над Атлетико Мадрид со 1-0 во дерби натпреварот од 29. коло во шпанската Примера. Овој резултат ќе донесе дополнителна драма во битката за пехарот со оглед на тоа што Атлетико сега има само три бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, додека пак Барселона која во моментов е трета со победа на утрешната пресметка против Валјадолид ќе дојде на само минус еден во однос на избраниците на Диего Симеоне.