НБА Топ 10: Капела со две раце го изблокира „тенкот“ Зајон

Тимот на Атланта Хокс славеше над Њу Орлеанс Пеликанс со 123-107 во средба во која „јастребите“ поставија нов рекорд и тоа по постигнати тројки во една четвртина. Поранешниот тим на Перо Антиќ беше неверојатен во третиот период во кој имаше 11 од 11 од линијата за три поени со што го надмина досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Кливленд Кавалирс од 2014 година кога токму против Хокс беа уфрлени девет „проектили“ од далечина. Ама тоа не е се од Атланта која го има потегот на денот, а за тоа се погрижи центарот Клинт Капела кој со две раце му залепи „банана“ на „тенкот“ Зајон Вилијамсон. Погледнете го овој како и останатите потези кои заслужено се најдоа на Топ одбројувањето.