„Xupermask“: Раперот Вил Ај Ем и „Honeywell“ креираа футуристичка заштитна маска за лице

Ако веќе морате да носите маска, тогаш изгледајте кул - ова била замислата на раперот и продуцент Вил Ај Ем кој во соработка со компанијата „Honeywell“ ја создал маската „Xupermask“. Маската има ЛЕД светла и „Bluetooth“ слушалки со активен пригушувач на врева, кои со помош на магнети се закачуваат на маскaта кога не се во употреба. Маската има ХЕПА филтри од двете страни кои можат да се менуваат, а препорачаниот период за користење е до 30 дена.