Пирс Морган тврди дека членови на кралското семејство му се заблагодариле по критиките за Меган Маркл

Обраќајќи му се на водителот на телевизијата „Extra“, Били Буш, поранешниот водител на емисијата „Good Morning Britain“, Пирс Морган рекол дека кралското семејство го контактирало по интервјуто на Меган Маркл кај Опра. На прашањето што би ѝ рекол на војвотката, Морган изјавил дека сака да го замоли кралскиот пар за уште едно интервју со него кое би се поклопувало со времетраењето на интервјуто кое парот го даде кај Опра, за да може да им постави „потешки прашања“.