Затворениот белоруски новинар се појавил на прес конференција: "Сè е во ред со мене, никој не ме тепал"

Затворениот белоруски новинар Роман Проташевич денеска се појавил на прес-конференција во Минск и рекол дека се чувствува добро и дека не е претепан, што опозицијата го оценила како нов јавен настап под принуда. Покрај Проташевич седеле четворица службеници, од кои двајца во униформа.