Пречка, па пенал за Македонија: Погледнете го голот на Алиоски против Украина

Во 54. минута Трајковски успеа да ја погоди пречката со помош на одбрана на Бушчан, а Караваев го спречи Пандев да стигне до топката и досуден беше пенал за Македонија. Алиоски го изведе, и во 57. минута, го одбрани Бушчан, но од одбиената топка ја заби во голот за 2:1.