НБА Топ 5: Јанг мајсторски го пронајде, Капела брутално заби преку Ембид

Атланта Хокс славеше над Филаделфија 76 и се пласираше во финалето на Истокот, додека пак Феникс Санс дојде до првиот триумф во битката против Лос Анџелес Клиперс на Западот. Ова се резултатите од двете средби кои се одиграа во плејофот во НБА лигата, средби од кои беа избрани најдобрите потези кои се најдоа на Топ 5 листата. Истата ја предводи дуото на „јастребите“ Тре Јанг и Клинт Капела, првиот луцидоно го пронајде по што центарот заби преку Ембид.