Краткометражен филм за „црвено-жолтите“ херои: Тоа што ние го сонувавме, вие го остваривте

Македонската репрезентација го заврши својот дебитански, историски настап на Европските првенство. На дуелите во Букурешт и Амстердам ние претрпевме три порази од селекциите на Австрија, Украина и Холандија, но оставивме позитивен впечаток и надеж дека во иднина можеме да корегираме некои работи, недостатоци и бидеме подобри, поконкурентни на ваквите турнири.Во меѓувреме додека се уште трае еуфоријата, односно емоциите не се спаднати погледнете еден краткометражен филм за „црвено-жолтите“ посветен на патот до ЕП, ангажманот на Игор Ангеловски и минувањето на големите чекори за да дојдеме на континенталниот собит.