Без грешка: Ангеловски ги препозна сите репрезентативци со слики како деца

Предводникот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на Македонија како човекот кој за првпат го одведе националниот тим на големо натпреварување и тоа Европско првенство. УЕФА на сите репрезентации им зададе предизвици, па така популарниот Мрме доби можност да гледа различни фотографии од нашите играчи како деца и да погодува кои се тие. Тој без проблем одговори за кого станува збор.