Познатиот Гантер од „Friends“ открил дека боледува од рак: „Ова е битка која веројатно ќе ја изгубам“

Џејмс Мајкл Тајлер, американски актер кој е најпознат по улогата на келнерот Гантер во серијата „Friends“, открил дека води битка со карцином на простатата. Тој бил гостин во програмата „Today“ во која на водителот Крег Мелвин му открил дека ја дознал дијагнозата во септември 2018 година. Во текот на рутинскиот лекарски преглед дознал дека ракот се проширил и на коските. „Во последните 3 години се борам против рак кој е во четврт стадиум, така што на крајот веројатно ќе ја изгубам битката“, признал Тајлер.