Германскиот град Ханау поставил нов вид „лежечки полицаец“ кој не простува надминување на брзината

Во германскиот град Ханау се инсталирани активни забавувачи на сообраќајот кои претходно беа поставени во неколку шведски градови, а се шират и низ Исланд, Норвешка и други земји. За што станува збор? Секој комплет се состои од надзорни камери и активен забавувач на возила. Сите возачи кои го почитуваат ограничувањето на брзината нема ни да го почувствуваат забавувачот бидејќи тој останува на ниво на коловозот. Меѓутоа, ако некој вози побрзо од ограничената брзина, „лежечкиот полицаец“ се спушта неколку центиметри под површината на асфалтот, па кога ќе помине преку него, ќе почувствува непријатен удар.