Наместо скап ресторан, пица на парче: Невакцинираниот претседател во текот на Генералното собрание на ОН вечерал на улица

Невакцинираните шефови на државите кои оваа недела ќе присуствуваат на Генералното собрание на ОН, најверојатно ќе мора да се задоволат со парче пица наместо богати вечери во њујоршките ресторани. Токму така првата ноќ во Њујорк вечерал бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, бидејќи таму, според важечките мерки поради пандемијата, на никого не му е дозволен влез во градските ресторани без доказ за вакцинација против ковид-19.