Точка ТВ со Хаџиванова: Најпоставувани прашања до психолог: „Дали да се разведеме е многу често прашање“

Екипата на Точка ТВ беше на 5-минутна сеанса кај психологот Ивана Хаџиванова, во Неокортекс центарот за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Но, овојпат ние бевме тие што прашувавме, не Хаџиванова, која инаку најголем дел од сеансите го поминува поставувајќи им прашања на клиентите, за сами да дојдат до посакуваниот одговор за одредена грижа или состојба.