Необичен десерт стана дел од официјалната кралска трпеза - создаден е во чест на 70-годишнината од владеењето на Елизабета

Trifle (деликатес во чаша) ќе стане дел од историјата на кралската храна, бидејќи е прогласен за победник на натпреварот „The Platinum Pudding“. Trifle десертот кој го смислила Џема и кој сега ќе биде дел од официјалната кралска трпеза, се состои од швајцарски ролат со крем од лимон на дното, желе од лимон, бисквити амарето, сос од мандарина, шлаг, кора од цитрус и парчиња чоколадо.