НБА Топ 5: Пул погоди со звукот на сирената, Вигинс го доврши Бостон со моќно забивање

Од пресметката во Сан Франциско одбрани се најубавите моменти, а потегот број еден е дело на Пул кој успеа да даде тројка со звукот на сирената во третата четвртина. Меѓутоа ако се земе во предвид кој потег е најтрактивен тогаш истиот е дело на Вигинс кој тргна и заби во свој стил против Вајт.