Нестварниот Нојер режираше чудесна одбрана и ги шокираше фановите

При резултат 3:0, Николо Барела се најде во стопроцентна шанса да ја смести топката во голот, но кога сите ја видоа во мрежата, Нојер реагираше фантастично и на чудесен начин спречи погодок. Искусниот чувар на мрежата не се откажа иако делуваше дека е во загубена позиција, па со помош на дирекот режираше страшна одбрана која ќе влезе во историјата на Лигата на нации.