Кога Стеф е во ритам не може да се запре: Најдоброто од Кари на патот до титулата во НБА

Голден Стејт Вориорс дојде до четвртата титула во последните осум години во НБА лигата, а за тоа најзаслужен е Стеф Кари кој беше фантастичен во разигрувањето, плејофот за пехарот. Плејмејкерот прво беше на високо ниво во битката на Западот каде му овозможи на својот тим да дојде до конференциското финале и титула за да потоа блесна и во дуелот со Бостон Селтикс за најсјајниот, најважниот трофеј.Кари беше прогласен за МВП во финалната серија, па од НБА направија една одлична компилација со неговите мајстории во плејофот, потези кои овозможија тимот од Сан Франциско одново да биде на врвот во најсилната кошаркарска конкуренција на светот.