Архитектонско чудо на Исланд: Дали би живееле во ваква куќа?

На Исланд е дизајниран нов неверојатен станбен проект, во облик на превртен контејнер, но неговите страни се заменети со панорамско стакло кое гарантира поглед од 360 степени. Куќата наречена „The Brutalist House“ е со површина од 750 квадратни метри на два ката. На приземје се наоѓа дневната соба и трпезаријата во склоп на која е кујната и бањата, додека горниот кат содржи фасцинантна главна спална соба и посебна врата зад која можете да скокнете во спектакуларниот панорамски базен во жешките летни денови, што го прави непроценливо место за одмор.