„Заведи ме“: Ај Кју во летно еротско издание

Дуото Ај Кју ни праќа летен денси груви поздрав од Лондон, преку новата песна „Заведи ме“. За овој проект Бојан и Марија ги споиле силите со Роберт Билбилов и се нашле на иста бранова должина, која резултирала во овој заводлив фанки-диско грув.