90.000 луѓе го скандираа името на Пике, тој во солзи одржа говор за паметење: Тука сум роден, тука ќе умрам

„Сакам да им се заблагодарам на сите – на моите соиграчи, на стручниот штаб, на сите во клубот. Ви благодарам за се. Понекогаш љубовта се изразува со заминување“, а потоа горко заплака пред повеќе од 90.000 навивачи на стадионот „Камп Ноу“. „Дедо ми ме направи член на клубот на денот кога се родив. Овде сум роден, овде ќе умрам. Ќе се вратам“, рече Пике со аплауз од трибините.