Снукер фановите шокирани, Вилсон ја внесе црната кугла на „магичен“ начин

Кајрон Вилсон не успеа да се пласира меѓу најдобрите осум, губејќи го дуелот со Марк Ален со 6:3, но сигурно ќе остане сопственик на најневообичаениот потег на турнирот. Во ситуација кога Вилсон имаше отворен пат да поентира со црната кугла, не успеа со првичната цел, но затоа куглата на многу чуден начин стигна до една од средните дупки на масата и заврши во неа.