Ѕирнете во уникатниот стан на Мерилин Монро кој се продава за 3 милиони долари

Поранешниот дом на Мерилин Монро и Артур Милер во близина на Сатон Плејс се продава за 3,05 милиони долари, што е забележителен пад од неговата првична барана цена од 3,75 милиони долари. Површината на станот е 203 м2 и нуди прекрасен поглед на Ист Ривер. Во него има трпезарија и камин. Станува збор за престижна адреса, пишуваат странските медиуми. „Њујорк пост“ напоменува дека дизајнерот Бил Блас некогаш живеел во пентхаусот на зградата, како и дека други значајни жители на зградата биле членови на кралското семејство како што е шведската принцеза Медлин.