Евролига Топ 10: Хол го комплетираше цепелинот и го разби противникот

Во кошаркарската Евролига се одигра и 10-то коло кое донесе своја убавина, посебни моменти, акции кои ги кренаа на нозе фановите. Поуспешни беа домаќините кои забележаа шест победи на деветте средби, а кога е во прашање потегот на рундата, истиот е дело на Донта Хол од Монако кој ја комплетираше одличната соработка со Екобо и со моќно забивање го разби противникот и тоа под прекршок.