Во Италија се продаваат замоци и манастири – некои се поевтини од становите

Како што наведуваат италијанските медиуми, ако имате околу два милиони евра, можете да купите манастир или замок, каде владее мир и тишина. Во Италија има многу замоци и манастири, многу од нив датираат уште од средниот век и се најдоа на пазарот на недвижнини. Некои од нив чинат и помалку од купување стан. „Историските градби со религиозна позадина и структура имаат огромен потенцијал и се привлечни за странците кои сакаат да го живеат духовниот живот на Италија“, вели Рикардо Ромолини од агенцијата „Romolini Immobiliare“.