Спасено петгодишно девојче, седум часа чекало помош под урнатините

Петгодишно девојче е спасено од урнатините седум часа по земјотресот, јавуваат турските медиуми. Малата Ајсе живеела со своите мајка, татко и брат во шесткатница во градот Кахраманмараш. Кога земјотресот ја погодил областа, зградата се урнала, а семејството останало заробено под урнатините.