Зебра побегнала од зоолошка градина и со часови лутала на улиците на Сеул

Зебра, која побегнала од зоолошка градина во Сеул, со часови лутала на улиците на јужнокорејскиот град, по што била фатена и вратена во својот дом. Зебрата со име Серо, што на корејски значи „вертикално“, побегнала во четвртокот попладне, а полицијата, пожарникарите и вработените во зоолошката градина во заедничка акција успеале да ја фатат. Снимките објавени на интернет покажуваат како зебрата проаѓа покрај возила на прометните улици, а исто така барала и храна во кантите за отпад.