"Семејствата припаѓаат заедно": Фотографии од маршовите против имиграциската политика на Трамп

Илјадници демонстранти од САД маршираа во поголемите и помалите градови, барајќи промена на имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрантите на повеќе од 700 локации бараа спојување на децата-мигранти со нивните родители, откако американските власти присилно ги одделија на границата.