Концептот за Galaxy Note 8 изгледа фантастично!

Точка

26/04/2017

13:44

2.180

Големина на фонт

а а а

Мораме да признаеме дека Самсунг со новиот модел на Galaxy S8 направи одлична работа со дизајнот на уредот.

Заоблениот екран со минимални рабови ѝ овозможи на оваа компанија креирање на телефон со кој имате чувство дека целата предна површина е дисплеј. 

Се поставува прашањето дали Самсунг ќе ја продолжи традицијата на ваквите екрани. Засега можеме да погледнеме како дизајнерот Muhsin M. Belaal Auckburaully се здружил со YouTube каналот DBS Designing, со цел да го претстави извонредниот концепт кој е изработен со идеја како би можел да изгледа новиот Galaxy Note 8. 

Како што можете да забележите од видеото, дизајнот оди еден чекор понапред, иако телефонот е замислен со рамен екран за разлика од 7-ката. Исто така, се очекува телефонот да има две камери на задната страна, а под камерата се наоѓа мал тастер за кој сè уште не сме сигурни дали би бил скенер за отпечатоци од прстите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk