Антиперспирантите содржат разни хемикалии кои го спречуваат потењето. Лекарите често предупредуваат за штетноста на ваквите производи, поради фактот што истите содржат алуминиум, чие делување е поврзано со настанувањето на рак на дојка и Алцхајмер.
Во продавниците најчесто можат да се најдат производи кои се комбинација од дезодоранс и антиперспирант, но најдобро е пред купувањето внимателно да го прочитате составот на декларацијата.
Доколку сакате да ги исфрлите од употреба ваквите препарати и да се свртите кон оние природните, прочитајте како да подготвите домашен дезодоранс во стик кој делува подобро од комерцијалните производи против потење.
• еден и пол децилитар маслиново масло
• три и пол лажички густин
• 10 гр. пчелин восок
• цветови од лаванда
• листови од рузмарин
• три и пол лажички сода бикарбона

Сувите цветови лаванда и свежиот рузмарин ставете ги во маслиновото масло и оставете ги неколку дена на сонце, со цел да пуштат арома. Потоа, процедете го маслиновото масло и благо загрејте го. Додадете го пчелиниот восок, густинот и сода бикарбоната, ставете ја смесата во калап и почекајте да се излади. Откако сите состојки добро ќе се спојат и зацврстат, дезодорансот во стик е спремен за нанесување.