Прочуениот модел којшто речиси три децении се произведуваше во Крагуевската “Zastava” и којшто во многу американски анкети беше прогласуван за најлош автомобил во човечката историја, и понатаму е интересен како кај режисерите на филмови, така и кај авторите на реклами.
Така овојпат во најновата реклама за играчката конзола Xbox и играта Forza Motorsport 7, попуарниот мајстор за “дрифтување” Кен Блок, од сите моќни машини коишто биле во понудата, завршил токму зад воланот на легендарното “Југо”.
И без разлика дали тоа нам ни се допаѓа или не, “Југо” веќе години наназад претставува предмет на исмевања, пред се' кај американските и британските медиуми, коишто се занимаваат со автомобили.
Така, апсолутно е незаборавна сцената во којашто Џереми Кларксон, во емисијата Top Gear, најпрво го тестира, а потоа и уништува легендарното “Југо” и тоа со помош на тенк:
Од друга страна пак, некогашната гордост на балканските патишта, стана и дел од популарната култура во САД, кадешто повеќепати се појавуваше на изложби на модерната умерност, но и во многу филмови, серии и реклами.
Токму една од незаборавните епизоди “Југо” ја имаше во филмот “Умри машки 3” од 1995-та година, во којшто главни ѕвезди беа легендите Брус Вилис и Семјуел Л. Џексон.