Фотографии кои го прикажуваат хедонистичкиот сјај на ноќниот живот во Берлин

Точка

21/11/2017

17:21

34.947

Големина на фонт

а а а

Седум години Хесус Пастор ги одбележува најголемите хедонистички кулминации во Берлин. Не постои ноќ во Берлин која не била снимена од Пастор, а овој фотограф седум години ги посетувал најголемите хедонистички забави во Берлин сакајќи да го долови ноќниот живот и да ги набљудува "ноќните животни", како што тој ги нарекува, како живеат на вечер.

Пастор ја започнал својата авантура во 2010 година и тоа на забавата после Филмскиот фестивал во Берлин. Многу брзо стекнал голема репутација, која му овозможила него и на неговата кариера пристап до сите настани каде всушност е забрането фотографирање, односно на забавите каде речиси е невозможно да се влезе. 

Во таквите клубови забавите се опишуваат со зборовите: "секс, хедонизам, бегство и изобилство". 

Последното дело на Хесус е со наслов "Диви волци", кое е мешавина од неговите најдобри фотографии кои го прикажуваат хедонистичкиот сјај на Берлин во текот на ноќта. Тоа што е интересно и го изјави за порталот "Vice" е дека жителите на Берлин не знаат за табу: "Можете да ја помирисате слободата во секој ќош".




Спонзорирани линкови

Маркетинг