Советот на Европа разгледува можност за укинување на санкциите за Русија

Макфакс

28/11/2017

01:43

1.001

Големина на фонт

а а а

Советот на Европа ја разгледува можноста за укинување на санкциите за Русија за да спречи Москва да се повлече од оваа меѓународна организација.

Русија бара на нејзината делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), тело што ја надгледува примената на Европската конвенција за човекови права од 1949 година, да ѝ се врати правото на глас укинато во 2014 година поради анексијата на Крим.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, предупреди дека повлекувањето на Русија од оваа организација би бил голем удар врз демократијата првенствено затоа што 140 милиони Руси би останале без пристап до Европскиот суд за човекови права.

Тој навел дека Москва во случај да се повлече би можела да престане да уплаќа пари за функционирање на Советот на Европа.

Советот на Европа, тело одвоено од Европската Унија, и Европскиот суд за човекови права, ги сочинуваат столбовите на демократијата во Европа. Зачленувањето на Русија во 1996 година беше едно од главните достигнувања по Студената војна.