Совршен изглед: 4 правила за правилно нанесување на течен коректор

Точка

29/11/2017

16:53

2.644

Големина на фонт

а а а

По класичните коректори во стик и крем-коректори, течниот коректор во последно време е вистинско откритие.

Тој пружа мноштво од различни можности, но само доколку знаете да го нанесете како вистински мејкап професионалец. Тоа можете да го совладате доколку ги знаете следниве неколку едноставни чекори. 

Одберете го вистинскиот производ

За разлика од пудрата, течниот коректор не мора да биде во вистинската нијанса на вашето лице, но обрнете внимание бојата да биде приближна (мејкап експертите советуваат дека е подобро да одберете малку посветол отколку потемен коректор). Она што е важно кај изборот на вистинскиот течен коректор е неговата густина и постојаност.

Течниот коректор како магично стапче

Да, вистина е! Доколку правилно го нанесете, течниот коректор може да покрие речиси сè. Сепак, не треба да го заменувате со коректори и прајмери во боја чија намена е да го прекријат црвенилото и останатите несовршености, бидејќи кај течниот коректор постојат јасни правила каде треба да го нанесете.

Нанесете мала количина на своите подочници, околу брадата или на челото со цел да прекриете сè пред нанесување на течната пудра.

Совршено вклопен во кожата

Со цел совршено да го нанесете, течниот коректор е потребно да го втапкате во кожата. Во ова може да ви помогне помала густа четкичка која ќе ја пополни секоја брчка.

Не заборавајте – секој течен коректор има свој најдобар пријател

Со цел да го искористите потенцијалот на својот течен коректор, потребно е да го фиксирате со течна и компактна пудра. Најдобро би било тоа да е одговарачка течна пудра со ист состав и исти својства.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk