Иако е помлад 18 години од неа, познатиот фудбалер од клубот "Марсеј" во врска со Памела Андерсон

Точка

29/01/2018

19:40

9.957

Големина на фонт

а а а

Најпознатата спасителка на плажа, Памела Андерсон конечно пронајде нова љубов. Минатата година на филмскиот фестивал во Кан, Памела се запозна со фудбалерот на клубот "Марсеј", Адил Рами, кој исто така игра и за француската фудбалска репрезентација. Врската долго време ја криеле од јавноста, но веќе сè се обелодени кога Памела се појави на неговиот натпревар и го поддржуваше своето момче.

Памела конечно си пронајде нова љубов откако имаше четири неуспешни бракови. Францускиот фудбалер Адил Рами очигледно го освои нејзиното срце, а Памела влезе во неговиот живот откако фудбалерот раскина со долгогодишната девојка со која има близнаци. 


После долго криење од медиумите, Памела се појави на неговиот натпревар на трибините од каде го поддржуваше својот одбраник. Секс симболот на 90 - те се појави во бел фустан со црвени цветови и длабоко деколте поради кое што ги привлече и останатите мажи кои го следеле натпреварот.

Познато е дека својата куќа во Малибу, Памела ја издава за 70.000 долари месечно, бидејќи таа се пресели да живее во Европа за да биде поблиску до својот сакан.