Алергијата всушност е предизвикана од латексот од кој се изработени презервативите. Дерматит, повраќање, гушење, респираторни проблеми, па дури и анафелактичен шок може да се појави кај личности кои се алергични на латекс.
Експертите истакнуваат дека ваквите реакции се исклучително опасни и дека при ваква реакција треба веднаш да се консултирате со Вашиот лекар. Реакциите, покрај тоа што се појавуваат кај оние кои ги користат, може да се појават и кај партнерката.
Како може да ја избегнете алергиската реакција?
Луѓето кои се алергични на латекс треба да избегнуваат секаков производ кој содржи латекс и секако треба да се консултираат со својот лекар за тоа како да ги елиминираат симптомите. Најчесто, личностите кои се алергични на латекс се алергични и на други намирници кои го содржат истиот протеин, како киви, јаболка, смокви и авокадо.
Алергиска реакција од кондоми се јавува во ретки случаи. Секако, мора да се нагласи дека повеќето луѓе кои користат кондоми немаат ваква реакција и не треба да се избегнува употреба на истите. Користењето на презервативи е еден од најдобрите начини да се заштитите од сексуално преносливите инфекции (како што се сифилис, гонореа и херпес), а во некои случаи тоа е и единствената заштита.
Алергијата од кондоми се поставила како дијагноза откако повеќе здравствени работници кои имале чест контакт со латекс, се пожалиле на исти алергиски симптоми.