Страшни перформанси и голем луксуз: Audi S8 пристигнува оваа година

Точка

25/04/2018

16:51

3.692

Големина на фонт

а а а

Од германската автомобилска компанија потврдија дека спортската верзија на „осмицата“ ќе пристигне во продажните салони веќе оваа година.

Откако Audi оваа година го претстави новиот А8, може да се каже дека Германците со овој автомобил буквално ги поместија стандардите кога станува збор за луксузна лимузина, која што истовремено нуди одлични перформанси, практичност и неверојатно напредна технологија.

Сега, во Audi се подготвуваат за претставување на "S" верзијата на „осмицата“ која што ќе биде наменета за оние кои што сакаат да уживаат во луксузот, но сакаат и нивниот автомобил да има уште помоќна машина под хаубата.


Од Audi сега стигна потврда која што ќе ги израдува токму тие купувачи - наскоро пристигнува Audi S8.

Според некои гласини, новиот Audi S8 би требало да има 4.0-литарски V8 мотор со два турбополначи, кој што пак е многу сличен на 8-цилиндарскиот мотор кој што се вградува во Porsche Panamera Turbo.


Овој мотор се очекува да развива најмалку 500 коњски сили, додека пак хибридната верзија на Audi S8 би можела да развива околу 600 коњски сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг