Клоп му порача на Салах што треба да направи за да стане најдобар играч во светот

Дерби

25/04/2018

19:03

2.339

Големина на фонт

а а а

Стивен Џерард во отвореното студио на „Би-Ти Спорт“ кратко и јасно потенцираше дека Мохамед Салах е најдобриот светски играч во овој момент, давајќи му предност и во однос на Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои во изминативе 10 години беа недопирливи на самиот трон.

Поранешниот капитен на Ливерпул смета дека Салах едноставно го заслужува овој епитет со игрите кои ги прикажуваа оваа сезона, но сепак според Јирген Клоп, Египќанецот ќе може да се нарече како најдобар во светот, но само ако го задржи ова ниво подолго време.

– Вие новинарите секогаш сакате да креирата приказни. Ако мислите дека е најдобар во светот, напишето го тоа. Тој е во неверојатна форма, во форма од светска класа. Тоа е сто посто сигурно, но за да биде најдобар во светот, мора да го одржи ова ниво подолг временски период. Тоа е моето мислење, а ние може само да бидеме среќни што го имаме во нашиот тим, – вели Клоп по вчерашниот феноменален блесок на напаѓачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг