Никој не знае зошто, но ова село расте за 2 сантиметри годишно!

Точка

25/04/2018

20:34

5.552

Големина на фонт

а а а

Со проучување на сателитските слики генерирани во последните две години, научниците забележале дека едно мало село во Велика Британија, секоја година се подигнува за два сантиметри и никој не разбира зошто.

Научниците во Велика Британија го забележаа чудениот феномен – Виланд село во Девон се подигнува за 2 см годишно, но никој не знае зошто. Необјаснивото подигнување на земјата го забележале експерти од „Geomatic Ventures Limited”.


Тие ги собрале сателитските снимки од областа во периодот од 2015-2017 година, сакајќи да направат прва мапа на која ќе се гледа поместувањето на теренот во Велика Британија. Областа каде што е забележан пораст има елипсовидна форма, околу 2 км во дијаметар, а промени се забележани на неколку слики од сателит. Тие немаат поим што се случува.


„Ваков вид подигнување главно се гледа во области каде што има напуштени рудници, и кога ќе се исклучи пумпата, водата постепено се повлекува во земјата”, вели д-р Енди Совтер. „Сепак, ние ги испративме резултатите во британското геолошко друштво и тие ни рекоа дека таму нигде не се копало. Виланд е сред ништо, никогаш немало рудници, и поради тоа не знаеме што точно се случува таму”, рече тој.


За луѓето кои живеат таму, ова не е ништо загрижувачки и засега нема никаков ризик од структурно оштетување на градбите бидејќи целиот терен подеднакво се подигнува, но она што загрижува е брзата железничка линија и M5 автопатот што поминуваат низ оваа област.


Фактот дека полињата и урбаните области истовремено се подигнуваат укажува на тоа дека одговорот на овој феномен лежи длабоко под површината на земјата, така што постои загриженост дека подигнувањето е всушност резултат на големо истекување или големо течење под земја.


Ако станува збор за тоа дека се акумулира течност под земја или некакво истекување на отпадни води, тоа би можело да претставува закана за околината. Ако ова не е некој вид на природен феномен, тоа е симптом на нешто што се случува во земјата и треба да се дознае што точно се случува.

Асистент д-р. Стефан Греби од Универзитетот во Нотингем вели дека новите снимки им овозможуваат подобро да ја разберат промената предизвикана од природни и антропогени процеси на целата територија на Велика Британија.


„ Добиваме детални информации врз основа на кои проучуваме одредени механизми на овие процеси, а технологијата ни овозможува да ги идентификуваме и реагираме на потенцијалните опасности за инфраструктурата, општеството и околината како целина", рече тој за Телеграф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг