Хан ги разгневи грчките дипломати со изјавата дека за две недели ќе има решение за името

Макфакс

25/04/2018

20:02

601

Големина на фонт

а а а

Вчерашната изјава на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, во која вели дека за две недели ќе има решение за спорот за името помеѓу Грција и Македонија, ги разгневи дипломатите од грчкото Министерство за надворешни работи.

Оттаму остро реагираат на оваа изјава на Хан, при што му порачаа на европскиот комесар да не дава погрешна слика за преговорите бидејќи со тоа непотребно ја разгорува атмосферата во јавноста и дополнително се комплицираат преговорите.

Премиерот Зоран Заев, пак, за изјавата на Хан рече дека би сакал за две недели од сега да се изнајде решение за спорот за името, но тоа е премногу кус период за решавање на овој повеќе децениски проблем со нашиот јужен сосед.

Министрите за надворешни работи, Коѕијас и Димитров, денеска повторно се на заедничка средба со медијаторот Метју Нимиц во Виена, каде што ќе се одржува нова рунда преговори.

Виктор Јованов



Спонзорирани линкови

Маркетинг