СДСМ: Мицкоски да одговори за своето раководење со АД ЕЛЕМ

Макфакс

25/04/2018

20:10

1.407

Големина на фонт

а а а

Од СДСМ го повикуваат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10,5 милиони евра склучени во неспоредни спогодби во период кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ.

„Христијан Мицкоски да не бега од јавноста повеќе од десет дена криејќи се зад социјалните мрежи, туку да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10,5 милиони евра склучени во неспоредни спогодби во период кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ. Факт е дека Законот за минималната плата дава резултати и дека просечната плата расте во однос на изминатите години. Тоа е потвредно и преку јавно објавените податоци од Државниот завод за статистика.

Податоците што покажуваат дека просечната исплатена нето-плата во февруари 2018 е 3,6 отсто повисока од платата исплатена во февруари 2017 година.

Заклучокот е дека Мицкоски може самиот да си направи споредба.

Очигледно е дека тој останува посветен на продолжување на политиките на лажни вести, поделби и манипулации, што беа главна одлика на неговиот претходник Никола Груевски. Со тоа Мицкоски покажува дека нема капацитет да излезе од поразената матрица на Груевски и дека сè уште е ревносен поддржувач на неговите политики.

Залудни се веселите, тоа се целосно погрешни математики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Преку успешните економски политики, Владата предводена од СДСМ поттикнува отворање нови работни места, економски раст и повисоки плати и пензии“, велат од СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг