Војниците на Путин: Англиските хулигани сакаат одмазда, а не знаат дека немилосрдните козаци со камшици ќе се грижат за навивачите на Мундијалот

Точка

31/05/2018

20:01

13.753

Големина на фонт

а а а

Медиумите пренеле дека една група козаци била обучена од градските власти да се носи со големи собири на улиците, а истата група, централниот козачки баталјон, ќе им помогне на полицајците во Москва да го одржат редот и безбедноста на улиците на градот за време на траењето на Светското првенство во фудбал.

Уште две недели остануваат до почетокот на Светското првенство во Русија, а руските градови ќе ги исполнат навивачи од сите краишта во светот. Рускиот претседател Владимир Путин неколку пати повторил дека нема да дозволи дивеење на хулиганите, а за одржување на редот, барем во Москва, задолжени ќе бидат козаците. 

Пред неколку седмици козаците повторно дошле во центарот на вниманието, кога се собрале на централниот Пушкински плоштад во Москва на 5. мај, каде луѓето протестирале против четвртата инаугурација на Путин.

Кога почнал протестот, козаците ги нападнале демонстрантите, ги уништиле нивните пароли, ги удирале со тупаници и камшици, пренесува "Moscow Times".

Набрзо медиумите пренеле дека една група козаци била обучена од градските власти да се носи со големите собири на улиците. Се наведува дека групата добила средства од градоначалникот на Москва во вкупен износ од 16 милиони рубљи.

Медиумите пренеле и дека истата група, централниот козачки баталјон, ќе и помогне на полицијата во Москва да одржи ред и безбедност на улиците на градот за време на Светското фудбалско првенство.

Ред и закон

За козаците конзервативното спроведување на законот и редот е нешто со кое одамна се гордеат. Козаците во царска Русија биле сурови коњаници кои ги штителе границите на својата земја, а многумина од нив веруваат дека и денес се од суштинска важност за функционирањето на државата.

"Во ерата на козаците пред 1917. година немало полиција. Доколку некој претепа жена или му украдат прасе, козаците одлучувале што ќе се случи. И според правило, удирањето со камшик ги решавало подобро работите од било кој судија", рекол Михаил Беспалов, прв заменик на Големата Донска армија.

Лојални на царот и на православната црква, козаците се бореле против бољшевиците во граѓанската војна во 1917. година. Во наредните години, тие речиси да биле избришани, со стотина илјади убиени од страна на Советскиот режим.

Во текот на царскиот период, козаците спроведувале кампања против малцинствата, вклучувајќи ги и муслиманите и Евреите, по наредба на власта. И денес владините службеници често ги гледаат козаците во истата илегална традиција.

Покрај Москва, козаците ќе го одржуваат редот и во Ростов на Дон и во Волгоград. Беспалов рекол дека околу 330 козаци, од кои некои ќе бидат на коњи, ќе бидат поделени меѓу двата града за да се грижат за безбедноста.

"Ќе ги дочекаме туристите со раширени раце и со насмевка на лицето. Сакаме да им покажеме дека Русија е гостољубива земја", изјавил Беспалов.

Тој додал дека последните неколку недели неговите луѓе присуствуваат на обуки со локалната полиција и Министерството за вонредни ситуации.

"Мора да бидеме подготвени да им помогнеме на навивачите во случај да сме им потребни", рекол тој.

Беспалов рекол дека мажите се бираат така што тие прво се приклучуваат на козаците, а кандидатите мора да одговорат на прашањата за своето наследство, да положат испит за историјата на козаците и да минат шестмесечен тест период.

"Од 1.200 членови, околу четвртина се избрани за Светското првенство по строгите проверки на криминалното минато", истакнал тој.

Мундијалот во Русија не е прв спортски настан на кој ќе бидат козаците. Во текот на Зимските Олимписки игри во Сочи во 2014. година тие ги полнеле насловните страни на весниците откако ги камшикувале членките на групата "Пуси Рајот". Кога полицијата одбила да ги гони, "Пуси Рајот" се обратиле до Европскиот суд за човекови права.

По протестот на 5. мај, козаците повторно избегнале казна.

"Повеќето козаци кои се регистрирани во владата не се вистински козаци. Луѓето кои ги тепале протестантите на 5. мај ги гледаме како некои кои сакаат да се приклучат на полицијата", рекол студентот Михаил Попов, кој е идентификуван како козак.

Ни руската јавноста, ниту туристите кои доаѓаат на Мундијалот, не се во состојба да го препознаат вистинскиот идентитет на козаците.


Англиски хулигани: Одиме да тепаме Руси

Странските медиуми пренесуваат дека околу 10.000 навивачи од Велика Британија ќе одат во Русија на Светското првенство, а меѓу нив ќе има 1.000 до 2.000 хулигани.

Имено, околу 50 најогнени навивачи на Гордиот Албион веќе со години подготвуваат одмазда за Русите кои ги претепале Англичаните во Марсеј на Европското првенство во 2016. година.

Околу 20 англиски хулигани завршиле во болница со видливи повреди, но најмногу ги заболело тоа што Русите не бирале кого удираат.

Тие рекле дека е време за одмазда и дека одат да се тепаат со Русите "еден на еден".

"Еднаш за секогаш ќе видиме кој е посилен. И тоа нивните улици. На сите ни здодеаја тие Руси по Марсеј. Не стравувам од затвор во Русија. Таму одам да ги претепам, макар и да лежам во затвор", рекол неименуван хулиган од Мидлсборо кој во Англија е на црната листа на полицијата.

Рускиот претседател Владимир Путин неколку пати повторил дека нема да дозволи хулигани да дивеат во Русија. Мундијалот е проект на рускиот лидер, со кој сака да ја покаже Русија на остатокот од планетата. Фудбалските хулигани не се дел од неговиот план.

Поради тоа руските хулигани биле под полициски надзор некое време. Цивилните права не се приоритет за руските полицајци, а притисокот е толкав што некои хулигани дури и планираат да ја напуштат земјата во текот на првенството.

Никој не исклучува можност за насилства, иако некои веруваат дека таа ќе дојде од патриотските Руси, кои сакаат "Западњаците" да ги научат на лекција.