Германската шпионска агенција признала дека ја вработила ќерката на еден од најмоќните нацистички команданти

Точка

29/06/2018

19:37

3.307

Големина на фонт

а а а

Германската разузнавачка служба признала дека ја вработила ќерката на Хајнрих Химлер во 60-тите години, иако никогаш не се откажала од својот татко и од нацизмот, туку останала активна во десничарскиот екстремизам, пишува "Reuters".

Германски "Bild" објавил дека ќерката на Химлер, Гудрин Бурвиц, работела за сојузната шпионска агенција БНД, што подоцна потврдила и самата агенција. 

Химлер бил командант на СС и Гестапо, еден од најмоќните нацисти и еден од главните во спроведувањето на холокаустот. Извршил самоубиство во британско заробеништво во 1945. година. Неговата ќерка починала минатиот месец во Минхен на возраст од 88 години.

"БНД потврдува дека Бурвиц била наш член неколку години до 1963. година", изјавил шефот на историскиот оддел на БНД, Бодо Хечелхамер. "Ја напуштила агенцијата за време на промената на политиката кон вработените кои биле поврзани со нацистите", додал тој.

Германските разузнавачки служби станале мета на критики последните години, бидејќи не успеале од своите редови да ги отстранат десничарските екстремисти во повоениот период. Критичарите изјавиле дека поранешните нацисти и симпатизери на екстремната десница вработени во безбедносните агенции се штителе меѓусебно.

Во времето кога Бурвиц работела за БНД, агенцијата ја водел Реинхард Гехлен, поранешен нацистички командант, кој подоцна до 1968. година ја водел шпионската агенција на Западна Германија. Хечелхамер изјавил дека БНД не изнесува информации за своите вработени, но овој пат станувало збор за исклучок, бидејќи Бурвиц починала.