Уапсената руска шпионка менувала секс за влијание

Точка

19/07/2018

18:09

3.658

Големина на фонт

а а а

ФБИ изјавил дека обвинетата агентка на руската влада се обидувала да воспостави однос со организацијата за оружје, за која NBC објавил дека е NRA.

29-годишната Марија Бутина е обвинета дека како шпионка се обидела да се вовлече во американскиот политички состав, на заповед на владата и со помош на својот американски партнер, пишува "NBC". Американските обвинители изјавиле дека менувала секс за влијание. 

Американската влада објавила документ со причини поради кои обвинителите сметаат дека Бутина, која во САД пристигнала во 2016. година со студентска виза, треба да остане во затвор до судењето. На сослушувањето на сојузниот суд во средата, Бутина изјавила дека не е виновна за шпионирање и одреден и бил притвор без кауција.

Обвинителите во судските документи навеле дека една од врските со САД и бил приватниот однос со неидентификуван маж, чиј опис се поклопува со републиканскиот политичар Пол Ериксон, објавил "Washington Post". Иако Бутина живеела со тој маж, врската била лажна, изјавиле обвинителите и навеле дека само го искористувала за своите цели.

"Бутина најмалку еднаш понудила секс во замена за положба во една интересна група", објавиле обвинителите.

Судските документи покажуваат дека американскиот политичар се обидел да и помогне на Бутина да дојде до Вашингтон и и кажувал кои се луѓето кои треба да ги запознае. ФБИ објавил дека се обидела да воспостави однос со "организација за оружје". Повисок американски службеник потврдил за "NBC" дека станува за најмоќното лоби за оружје во САД, NRA.

Активистка за оружје

Обвинителите изјавиле дека Бутина била штитеничка на рускиот политичар и банкар Александар Торшин. Цитирале негова порака до Бутина од март 2017. година, во која се споменува нејзиното минато како активистка со право на носење на оружје.

Во владиниот документ се наведува дека Бутина поседувала контакти и информации за вработените во руските разузнавачки служби и дека неодамна се состанала со руски дипломат, исто така обвинет дека е владин агент.

Нејзиниот адвокат изјавил дека сите нејзините врски со руските службеници се поврзани со нејзиниот активизам за оружје во Русија - "Мојата клиентка таму е славна".




Спонзорирани линкови

Маркетинг