Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Макфакс

19/07/2018

18:29

1.370

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали се разговара за некаква амнестија со оглед на тоа што Заев ја спомна во неговата изјава по средбата, рече дека станува збор за манипулација.

„Тоа е уште еден груб обид да се манипулира јавноста и токму на тоа апелирав. Не треба нашите лични слабости да ги криеме со реченици што имаат единствена цел да го свртат вниманието. Треба да останеме чесни и принципиелни. Оставаме процесот да се развива, па ќе разговараме за деталите“, одговори Мицкоски.

Заев, пак, претходно не одговори на новинарско прашање дали опозицијата бара амнестија во замена за прифаќање на ставовите на власта за изборот на ДИК и за организирањето референдум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг