Поранешната советничка на Трамп објави телефонски разговори, еве што имаше да ѝ каже

Точка

14/08/2018

14:45

1.800

Големина на фонт

а а а

Поранешната советничка на Доналд Трамп објави снимка од телефонскиот разговор помеѓу неа и американскиот претседател откако добила отказ во Белата куќа, пренесува BBC.

Во снимката, која е објавена и на американската мрежа NBC, гласот за кој се претпоставува дека е на американскиот претседател Доналд Трамп кажува дека погледнал на вестите дека таа "размислува да си замине", па ја прашува:  

"Зошто, што се случи?", "Генералот Кели дојде кај мене и ми рече дека Вие би сакале да си одам", вели женски глас.


"Не, никој ништо не ми рече за тоа", одговара машки глас. "Знаеш дека тие водат голема операција, но јас тоа не го знаев".

Работата во Белата куќа ја освои на снимањето на  "The Apprentice"

Трамп и Манигаулт Њуман се запознале за време на снимањето на "The Apprentice", забавна емсисија во која млади претприемачи се натпреваруваат за освојување на работно место.

"Wacky Omarosa", како што ја нареува претседателот Трамп во својата книга "Unhinged" и ТВ настапи ги покажа приватните разговори внатре во Белата куќа каде работела во одделот за јавна комуникација, фокусирајќи се на африканско американската заедница. Таа немала пристап до најголемите тајни во Белата куќа.

Во твитовите кои синоќа ги објави Трамп, пишува дека нападите кон него почнале откако советничката добила отказ во Белата куќа.

Тој додаде дека побарал од шефот Џон Кели да се обиде да го "реши проблемот".

Руди Џулијани, адвокатот на претседателот Трамп, вели дека Њуман го прекшила законот поради што снимала приватни разговори во Белата куќа. За нејзиниот отказ се истакнува дека таа ги нервирала колегите на работа.

Во друга снимка која ја објави, човекот за кој се смета дека е Џон Кели зборува за важноста на интегритетот, кој според него таа не го поседува, што довело до нејзин отказ. Исто така, говори и за нејзиното користење на државни возила и додава:

"Ако од ова се направи пријателска разделба...можете да погледнете на Вашето време поминато во Белата куќа како година дена служење на народот и потоа можете да заминете без никакви потешкотии во иднина, не губејќи на Вашиот углед".