Телефонски разговор на Макрон и Ердоган, економските односи и трговијата главна тема на разговорот

Макфакс

16/08/2018

15:48

706

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган остварил телефонски разговор со неговиот француски колега, Емануел Макрон, а едни од главните теми на разговорот биле економските односи и трговијата.

Како што јавуваат медиумите, повикувајќи се на неименувани извори од Турција, телефонскиот разговор бил фокусиран на важноста за развој на економските односи и трговската размена меѓу земјите. 

Според иститот извор, двајцата претседатели договориле и средба на министрите за финансии на двете земји, а Макрон посочил дека економската стабилност на Турција е важна за Франција.

Ваквиот телефонски разговор меѓу Ердоган и Макрон доаѓа во време кога турската економија ослабена по наглиот пад на вредноста на турската лира, дипломатската криза со САД и воведувањето на санкциите.

Претходно денеска, Ердоган имаше средба и со катарскиот шеик, Тамим бин Хамад ал-Тани, кој посочи дека Катар финансиски ќе ѝ помогне на Турција за излез од кризата.