САД му се заканија на Ердоган: Имаме уште многу планови ако Турција не попушти

Макфакс

16/08/2018

21:35

2.655

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин, рече дека САД се подготвени да воведат понатамошни економски санкции врз Турција, доколку не биде ослободен заробениот свештеник Ендрју Брунсон.

„Имаме и дополнителни планови кои ќе уследат доколку тој не биде ослободен наскоро“, рече Мнучин за време на состанокот на владата со претседателот Доналд Трамп.

Соединетите Држави и Турција воведоа меѓусебни санкции откако Трамп се обиде да го убеди турскиот претседател Таип Ердоган да го ослободи Брунсон, кој ги отфрла обвинувањата за вмешаност во обидот за воен удар од пред две години.

„Не се покажаа како добри пријатели“, изјави Трамп за Турција на состанокот на владата. „Држат голем христијански свештеник таму, тој е невин човек“.

Спорот за Брунсон и други несогласувања меѓу Вашингтон и Анкара предизвикаа пад на вредноста на турската лира за 40 отсто во текот на оваа година.