Екстремистите го отфрлаат договорот меѓу Русија и Турција, порачаа дека нема да се повлечат од Идлиб

Макфакс

23/09/2018

17:40

2.531

Големина на фонт

а а а

Екстремистичка група поврзана со Ал Каеда го отфрли договорот постигнат од Русија и Турција за воспоставување демилитаризирана зона во сирискиот регион Идлиб.

Екстремната група истакна дека нема да се повлече од оваа област. Групата „Чувари на религијата“ (на арапски Хорас ад Дин) рече дека договорот за воспоставување на зоната до 15. октомври е голема завера, објави агенцијата АП.

Идлиб е последното големо упориште на бунтовниците во Сирија. Групата Хорас ад Дин ги повика следбениците од целиот свет да дојдат во Сирија за да му помогнат на народот на Левант.



Спонзорирани линкови

Маркетинг